Упатства и мерки за заштита од коронавирусот за вработените во бегалските кампови во Грција

Од:

Документ со упатства и мерки за заштита од новиот коронавирус за вработените и полицајците во прифатните центри за бегалци и мигранти, испратила грчката Национална организација за јавно здравје до Министерството за миграција и азил и Министерството за цивилна заштита на Грција, објави грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според весникот, во документот се бара од надлежните да преземат мерки во бегалските кампови, како на островот Лезбос, така и во други центри во Грција.

-Овој документ, испратен на 5 февруари 2020 година, ги отсликува стравувањата на грчката полиција за случаи на коронавирус од бегалци и на неконтролираните точки на влез во земјата. Полицајците или службениците кои ги контролираат мигрантите кои пристигнуваат на островите и во останатите делови на земјата, како и во прифатните центри, може да бидат изложени на ризик од смртоносен вирус, пишува „Та неа“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески