УНМИК посредувал меѓу Приштина и Интерпол за укинување на потерницата против Харадинај

Од:

Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) соопшти дека во декември 2016 година на Интерпол му предала нота од косовските власти, во која се бара да се укинат потерниците против 20 жители на Косово.

Мисијата на ОН истакна дека на тој начин посредувала меѓу Приштина и Интерпол, врз основа на „улогата што ја има во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.

Ова се наведува во соопштението кое портпаролот на Канцеларијата на УНМИК за стратешки комуникации и јавни работи Санам Долатшахи му го проследил на Танјуг како одговор на прашањето на агенцијата, кој му дал согласност на УНМИК да бара укинување на потерницата за косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кого Србија го товари за воени злосторства и „каква е всушност природата на таа потерница“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски