Унгарците со страшила ги бркаат мигрантите од границата со Србија

Од:

Власта во Унгарија не избира средства да ги спречи мигрантите да ја поминат границата со Србија. По жичаната ограда долж целата граница со Србија и полициските патроли кои брутално ги тепаат мигрантите кои се обидуваат да влезат во земјата, последно е поставувањето страшила.

На жичаната ограда долж целата граница со Србија поставени се страшила направени од шеќерна репка.
Фотографиите се објавени на Фејсбук страната која ја поддржува полицијата, посебно таа која патролира на границата со Србија.

Се претпоставува дека фотографиите се направени од припадници на полицијата со оглед дека на граѓаните им е забранет пристапот во ова подрачје.

На страната на која се објавени, се наведува дека на местата каде што се закачени маските не е пријавен ниту еден илегален влез на мигранти.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти