Украл половина тон вегета, поради сиромаштија

Од:

Вработен во „Подравка“ од Копривница, Фрањо Ловасиќ е осуден на 10 месеци затвор, бидејќи во последните три години украл околу половина тон вегета од фабриката.

Судот утврди дека Ловасиќ од март 2010 година до февруари годинава украл 419, 5 килограми вегета, 329 зачини, 64 коцки за супа, 43 пудинзи и 1,5 килограми црн пипер.

-Осум години се судев со поранешната жена околу разводот и поделбата на имотот. Останав и без домот, морав да земам кредит и да ги платам судските трошоци. Бев приселен да крадам, за да можам да го плаќам кредитот за куќата која што ја купивме со син ми-истакна тој.

Ловасиќ е свесен дека со својот чин повреди многу лица, особено луѓето во „Подравка“ каде што работел.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик