Укинати американските санкции на Додик и соработниците: Му благодарам на Трамп, голема неправда е исправена

Од:

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, денес зборуваше по укинувањето на американските санкции кон него, семејството и повеќе официјални лица на Република Српска.

Додик истакна дека му е благодарен на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници за, како што тврди, „исправувањето на големата неправда нанесена врз Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства“, која, како што наведува, „ја создадоа администрациите на Обама и Бајден“.

„Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите оние кои чесно ѝ служат. Уште еднаш се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда, врз која беше изграден големиот хаос создаден од Кристијан Шмит – хаос што сега мора да се исчисти“, рече Додик.

Тој додаде дека „сè може да им се прости на оние кои се фалеа и веруваа во туѓите лаги овие години, освен годините што ги изгубија затоа што веруваа дека Република Српска ќе падне“.

„Денес е јасно – таа никогаш нема да падне“, истакна Додик.

Министерството за финансии и трезор на САД (OFAC) донесе одлука за укинување на санкциите за бројни лица од Република Српска.

Меѓу нив се најблиските соработници на Додик, како и компании поврзани со него. Министерството за финансии на САД ги отстрани од листата на санкции претседателот Милорад Додик, српската членка на Претседателството Жељка Цвијановиќ, претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и други кои претходно беа предмет на санкции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов американски напад на Кариби, тројца мртви

Азизи: Техеран нема планови за разговори со Вашингтон

Додик: Доаѓа време кога позицијата на Република Српска ќе се подобри уште повеќе

Русија објави можност за нормализирање на односите со САД

„Киев пост“: Дали на САД им снема опции за нови санкции против Русија?

Мадуро со порака до Трам, бара САД да се заложи за мир меѓу двете земји

Горан Наумовски