Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Од:

Иран ќе возврати на секој напад врз неговиот енергетски сектор со цел напаѓање на израелските електрани и електраните што ги снабдуваат американските бази во регионот на Персискиот Залив, соопшти денес Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Изјавата се чини дека ги повлекува претходните закани против постројките за десалинизација на вода во регионот, кои се клучни за снабдувањето со вода за пиење на земјите од Персискиот Залив, објави Ројтерс.

– Лажливиот американски претседател, терорист и убиец на деца изјави дека Иранската револуционерна гарда има намера да нападне постројки за десалинизација на вода и да предизвика тешкотии за луѓето од земјите во регионот, се вели во соопштението што го пренесоа иранските државни медиуми.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа