Укинат задолжителниот карантин за македонските државјани во Албанија

Од:

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Северна Македонија и од Грција влегуваат во Албанија.

– Освен укинувањето на задолжителниот карантин за лицата кои влегуваа во нашата земја од Македонија и од Грција, што беше воведен на 20 април, комитетот врз основа на барањето на Министерството за образование, млади и спорт дозволува отворање на универзитетите, но само за консултации и сезоната за испити, но со строга примена на протоколите и мерките за заштита, изјави Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и член на комитетот.

Според неа, сите други ограничувачки мерки остануваат во сила, како што е и забраната за групирање на повеќе од десет лица, како и полицискиот час кој и понатаму ќе трае од 22 до 6 часот.

Задржувајќи се на процесот на имунизација против Ковид-19, Манастирлиу рече дека до сега во земјата се пристигнати 748.400 дози вакцини од „АстраЗенека“, „Фајзер“, „Синофарм“ и „Спутник В“.

Со вакцинацијата се опфатени 537 илјади лица, а над 100 илјади од нив ги примиле и двете дози.

Посочи дека во последните седум дена вакцина примиле околу 100 илјади лица и нагласи дека со несмалена динамика процесот продолжува и понатаму.
Епидемиолошката состојба ја оцени како стабилна, а вакцинацијата, рече таа, услови намалена смртност меѓу заболените.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он