Ученик се заканувал дека ќе изврши убиства во Подгорица

Од:

Припадници на полицијата во Подгорица уапсиле седумнаесетгодишник од градот Тузи поради сомнение дека испратил заканувачки мејл на адресата на средното електротехничко училиште „Васо Алигрудиќ“ во Подгорица.

Полицијата соопшти и дека кај малолетникот биле пронајдени 20 парчиња оружје „аирсофт“. Тие се реплики на оригинално оружје, а две парчиња се предмет на кривично дело.

Исто така, му биле одземени компјутерот и мобилниот телефон. Против неговиот татко ќе биде поднесена прекршочна пријава за запуштање на дете, потврди полицијата.

По наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, малолетниот осомничен е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред.

Полицијата вели дека осомничениот на 15 март испратил мејл со заканувачки содржини на адресата на споменатото училиште. Тој се заканувал со повеќекратни убиства.

Би можело да ве интересира

Финска не гледа воена закана од Русија, вели премиерот Орпо

А1он

Маж од Скопје нападнал жена откако и се заканувал

Татко му се заканил на синот дека ќе го убие него, но и неговото цело семејство

Горан Наумовски

Драма во Словачка по телефонска закана: Ќе го повторам масакрот од Прага

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

„Ќе земам пушка и ќе ги убијам сите жители на Рума“, се заканил маж кој за брзо време е уапсен и е во притвор