Татко му се заканил на синот дека ќе го убие него, но и неговото цело семејство

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствениот син, заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство.

-Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома, информира Обвинителството.

На предлот на надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес определен е притвор за осомничениот во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

Ученик се заканувал дека ќе изврши убиства во Подгорица

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители