Убиена шефицата на кабинетот на градоначалникот на Пазарџик

Од:

Татјана Стојанова, шеф на кабинетот на градоначалникот на Пазарџик, Тодор Попов, е убиена синоќа пред својата куќа, соопшти бугарската полиција.

Се претпоставува дека убиството е извршено со придушувач бидејќи соседите не слушнале истрели. Мотивите за инцидентот се непознати.

Триесет и три годишната Стојанова беше поранешен новинар, и шеф на кабинетот на градоначалникот Попов веќе втор мандат. Претходно беше и раководител на општинската администрација додека со неа раководеше сегашниот градоначалник.

Пазарџик е град во јужна Бугарија во кој живеат околу 70.000 жители.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори