Убиена продавачка во хрватски Лидл

Од:

Во Хрватска во околу 15 часот е нападната и убиена жена во продавница на Лидл. Таа им подлегнала на повредите во сплитската болница.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, напаѓачот е фатен по нападот, а кај него е пронајден ноќ со кој и ги нанел смротоносните повреди на жената.

Според првичните информации од хрватските медиуми, напаѓачот е поранешен маж на убиената жена.

Од полицијата велат дека добиле дојава за напад во продавница и дека веднаш излегле на терен.

Според неофицијални извори, мажот ја нападнал жената со нож пред очите на купувачите во маркетот.

Сведоците раскажуваат како имало повеќе убодни рани, а полиците и подот биле полни со крв.

Од она што го извикувал напаѓачот, заклучиле дека тој наводно бил поранешен партнер.

Станува збор за жена која е вработена во „Лидл“.

На крвавиот напад со нож му претходела расправија, а насилникот бил совладан од обезбедувањето со помош на неколку млади момчиња кои го фрлиле на подот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија