Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

Од:

Тело на маж е пронајдено во близина на плажата Трстено во Црна Гора. Убиениот е идентификуван како Бобан Сјеклоќа (33) од Цетиње, кој, според неофицијалните информации што ги објави РТЦГ, е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“.

Телото со прострелни рани го пронашле пожарникарите, кои први пристигнале на местото на настанот по првичната пријава за сообраќајна несреќа.

За време на истрагата, било утврдено дека станува збор за намерна ликвидација.

Сјеклоќа бил во бегство и е опфатен со обвинението на Специјалното државно обвинителство за шверц со кокаин и организиран криминал.

Тој бил обвинет и за помагање и поттикнување на убиството на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во Цетиње во 2020 година.

Тој бил познат и по неговата вмешаност во регионална полициска операција која наводно спречила ликвидација на членови на соперничкиот „Кавачки клан“.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров