Убиецот на познатиот грчки рапер изведен пред суд

Од:

Неонацистот, осомничен за убиството на познатиот грчки рапер Павлос Фисас, кое предизвика протести ширум земјата и ги зголеми општествените тензии, денеска се појави пред суд во придружба на огромно обезбедување.

Возачот на камион Јоргос Рупакијас (45), кој наводно признал дека е близок до неонацистичката партија „Златна зора“, пристигнал во судницата во Пиреус, во близина на Атина, носејќи заштитен елек на себе.

Тој се појавил пред истражниот судија во придружба на огромно обезбедување, а полицијата и специјални единици ја опколиле зградата на судот.

Рупакијас е осомничен дека го избодел со нож 34-годишниот музичар во средата утрото во еден кварт на Атина, а полицијата соопшти дека тој го признал злосторството веднаш по апсењето.

„Златна зора“ веднаш ја демантираше поврзаноста со наводниот убиец, но наскоро се појавиле фотографии на кои Рупакијас учествува во активностите на партијата, а членови на неговото семејство наводно работеле за оваа организација.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески