Уапсено едно лице поради кражба на сеф на криминалистичката полиција во Загреб

Од:

Полициијата го реши случајот со кражбата на два килограми злато и 280.000 евра од сеф во зградата на криминалистичката полиција пред две недели и го приведе виновникот, изјави денеска хрватскиот министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ.

Тој наведе дека сторителот е уапсен утрово, но не го соопшти неговото име.

Хрватските медиуми објавија дека е уапсен шефот на Службата за борба против организираниот криминал Жељко Долачки, во чиј кабинет се наоѓаше ограбениот сеф.

Според медиумите Долачки ја искористил службената положба за да ги присвои златото и еврата, конфискувани при истраги и пријавил дела сефот е ограбен.

По кражбата Долачки беше отстранет од работа и против него почна истрага, а директорот на полицијата, началникот на загрепската полиција и уште двајца шефови поднесоа оставки.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик