Уапсени 28 учесници во антивладините протести во Бугарија

Од:

Бугарската полиција денеска соопшти дека за време на синоќешните антивладини протести во Софија уапсила 28 лица со цел „да спречи можна ескалација на насилствата“.

Во полициското соопштение се нагласува дека уште 200 лица, кои бил идентификувани како „можни предизвикувачи на проблеми“, се оневозможени да им се придржат на неколкуте илјади учесници на протестите во центарот на Софија.

Антивладините протести во Бугарија, кои траат веќе 10 дена, засега минуваат главно мирно и без поголеми инциденти. Секоја вечер на протестите во Софија учествуваат меѓу 7.000 и 10.000 лица, кои бараат оставка од Владата на Пламен Орешарски и одржување нови избори.

Протестите почнаа на 14 јуни, како реакција на изборот на контроверзниот медиумски магнат Делјан Пеевски за директор на Националната агенција за национална безбедност (ДАНС).

Иако, Пеевски се повлече уште следниот ден, протестите продолжија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори