Уапсен пратеникот на „Самоопределување“ Исамил Куртеши

Од:

Косовската полиција утрово го уаспи пратеникот на националистичкото движење „Самоопределување“, Исмаил Куртеши.

Како што јави дописникот на МИА, нему претходно му беше изречена мерка „домашен притвор“, поради фрлањето солзавец во собраниската сала, но тој ја прекршил санкцијата со тоа што учествувал на последниот протест што неговата партија го организареше во Гњилане.

Онлајн изданието на весникот „Експрес“ јави дека Куртеши бил уапсен околу 9 часот и бил однесен во Судот.

Пред денешната седница на Парламентот вршен детелен претрес на пратениците пред влегувањето во зградата, посебно на оние од опозицијата кои во неколкунаврати фрлаа солзавец во собраниската сала.

Косовските медиуми јавија дека косовскиот премиер Иса Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи имаат средба со претседателката Атифете Јахјага, посветена на новонастанатата ситуација.

Пратеникот од „Самоопределување“, Глаук Коњуфца изјави дека притисокот на опозицијата врз Владата ќе продолжи се додека властите не се откажат од формирањето на Заедницата на српските општини и Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Во исот време, неколку десетици активисти на опозициските партии се собраа во близина на Парламентот, на плоштадот „Адем Јашари“, извикувајќи дека „Договорите нема да поминат“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски