Уапсен Лиридон Каљменди, син на нарко босот Насер Каљменди

Од:

Рано утрово, на граничниот премин „Кула“ на влезот во Црна Гора, по национална потерница распишана од Испоставата на полицијата Котор, уапсен е Лиридон Каљменди, соопшти црногорската полиција.

Дваесетина дена откако по меѓународна потерница беше уапсен неговиот татко Насер Каљменди, провосомничен во полициската акција „Кукла“ и лице од „црната листа“ на американскиот претседател Барак Обама поради трговија со дрога, денеска во Црна Гора уапсен е и неговиот помлад син Лиридон Каљменди (30).

Потерницата по него беше распишана заради издржување казна затвор, на која е осуден од Основниот суд во Котор поради кривично дело злоупотреба на службената положба со поттикнување.

Српскиоте медиуми неодамна пишуваа дека Лиридон Каљменди илегално на Косово од Србија префрлил две лица од Нови Сад, осомничени за убиство на 29-годишна девојка на Ада Циганлија.

Насер Каљменди, по апсењето на 5 мај, се наоѓа во притвор, каде ја чека одлуката за можно испорачување во Босна и Херцеговина.

И постариот син на Насер, Елвис Каљменди, на 13 мај осуден е во Приштина на четири години затвор поради обид за убиство.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски