ФОТО: Уапсен градоначалникот на Загреб

Од:

Полицијата попладнево го уапси градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ како и двајцата негови соработници Петар Припуз и Слободан Љубичиќ.

Градоначалникот бил уапсен во неговиот двор и однесен во полицијата во Загреб. Тој ќе остане вечерва таму, а утре се најавени претреси на становите и сите простории што ги користел.

bandic-priveden

Соработниците на Бандиќ се изненадени и велат дека ништо не укажувало дека вакво нешто можело да се случи. Милан Бандиќ не е само градоначалник на Загреб, туку е и клучна фигура на политичката сцена во Хрватска.

bandic-priveden1

Полицијата тргнала во акција по неколкумесечно испитување на сомневањата за корупција на Бандиќ, односно за незаконското постапување на Градот Загреб и трговското друштво Холдинг ДОО.

Неофицијално Бандиќ уште утре ќе добие пријави за повеќе кривични дела, меѓу кои и злоупотреба на службената положба.

bandic-priveden3

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик