Твитер попушти пред притисоците на Анкара

Од:

Социјалната мрежа Твитер донесе одлука да избрше два анономни профила на турски корисници, затоа што на нив биле објавувани содржани со кои се „прекршени личните права и правата на личен живот“.

Ваквата одлука на Твитер, кој се оценува како попуштање под притисокот на властите во Анкара, уследи откако турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган до Уставниот суд на Турција поднесе тужба против Твитер и Јутјуб, затоа што, според него, ги прекршиле неговите и правата на неговото семејство. Ердоган во својата тужба бара отштета од 50.000 турски лири (23.500 долари).

Твитер денеска соопшти дека ги укинува анонимните профили „Храмзаделер“ (Синови на крадци) и „Башџалан“ (Прв крадец), кои имаат стотици илјади следбеници и кои објавија снимени разговори во врска со антикорупциската полициска акција од декември минатата година, во кои се посочува на корумпираност на луѓе блиски до премиерот.

Објавувањето на овие снимки беше повод Владата на Ердоган минатиот месец да воведе забрана на социјалната мрежа Твитер, како и на системот за размена на видео и аудио содржини Јутјуб, каде исто така беа објавени слични аудио записи.

Забраната на Твитер беше укината на почетокот на овој месец со одлука на Уставниот суд на Турција, кој оцени дека блокирањето на мрежата претставува кршење на правото на изразување, додека Јутјуб и натаму е блокиран.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски