Турското МНР регрутира специјалисти со курдски јазик

Од:

Министерството за надворешни работи на Турција за првпат започна именување на дипломати, што го зборуваат курдскиот јазик.

Тоа значи давање можност за напредување во кариерата на вработените со курдско потекло. Според дипломатски извори иницијативата е поврзана со процесот на мирно решавање на курдското прашање, што турската Влада го почна минатата година и претставува важна фаза за негово реализирање, пренесува БТА.

Неодамна турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека турските дипломати ги зборуваат и се служат со англиски, француски и германски јазик.

– Имаме итна потреба од службеници, кои зборуваат курдски, руски, кинески и хебрејски јазик, изјавил министерот.

Во системот на турското МНР се организираат курсеви по руски, кинески и хебрејски јазик. Но, курсеви по курдски јазик нема.

Според експертите курдскиот јазик има многу варијанти и различни дијалекти. Се тврди дека единствен курдски јазик нема, а постојат околу 400 дијалекти.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски