Турско МНР: Руските С-400 се подобри од американските „Патриот“

Од:

Руските ракетни системи С-400 се помодерни во споредба со американските „Патриот“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Руските С-400 се помодерни системи за противракетна одбрана во споредба со американските „Патриот“, истакна шефот на турската дипломатија.

Чавушоглу нагласи дека Анкара планира да „ги стави во употреба ракетните системи С-400 до следната година“. Во меѓувреме, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар истакна дека распоредувањето на С-400 ќе започне уште во октомври оваа година.

Турскиот министер за надворешни работи предупреди дека Анкара е подготвена да им одговори на САД, доколку Вашингтон воведе санкции поради набавката на С-400.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски