Турските сили усмртиле околу 1.000 бунтовници во југоистокот на земјата

Од:

Околу илјада курдски борци се ликвидирани при операциите на турската армија во областа на градовите Нусајбин и Шарнак во југоисточна Турција, каде што последната година се разгоре конфликтот со Курдската работничка партија (ПКК), соопшти Генералниот штаб на турските воени сили, за НТВ, пренесе ДПА.

„Подлите напади против силите за безбедност и нашите невини граѓани го добиваат и ќе продолжат да го добиваат најрешителниот одговор”, посочуваат вооружените сили во соопштението објавено на нивната официјална веб-страница.

Армијата нагласи дека при операциите во Нусајбин, во округот Мардин, досега се убиени 495 терористи и уништени 1.256 упоришта. Во Шарнак пак, се ликвидирани 505 терористи и уништени 1.566 упоришта.

Југоистокот на Турија, којшто е претежно населен со Курди, беше зафатен од судири кои можат да се оквалификуваат како најжестоките во иминатите две десетилетија, откако изгледите за примирје меѓу државата и ПКК јуни минатата година целосно пропаднаа.

ПКК се смета за терористичка организација од страна на Европската Унија, САД и Турција.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски