Турските полицајки ќе можат да носат хиџаб

Од:

Жените во турската полиција по прв пат ќе можат да носат хиџаб кој ќе биде дел од нивната униформа. Ова беше објавено во службениот весник на Турција.

На жените во полициските сили „ќе им биде овозможено да ја покријат главата“ со хиџаб под нивните капи или беретки, се додека хиџабот е „иста боја како и униформата и без шари“, се вели во одлуката која стапува на сила по објавувањето во турскиот службен весник.

Турската владејачка Партија на правдата и развојот, настојуваше да ги укине ограничувањата на жените за носење на хиџаб во оваа официјално секуларна држава.

Турција ја укина забраната за носење на хиџаб на универзитетските кампуси во 2010 година, за студентките во државните институции во 2013, а за учениците во 2014 година.

Турските провладини медиуми истакнуваат дека неколку западни држави веќе им дозволиле на женските офицери да носат хиџаб наведувајќи ги примерите на шкотската и канадската полиција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски