Турскиот суд покрена обвинение против Фетхулах Ѓулен за обид за соборување на Владата

Од:

Турскиот суд покрена обвинение со кое се бара одговорност од Фетхулах Ѓулен за обид за соборување на Владата.

Ѓулен е прв осомничен меѓу 69 луѓе за формирање на терористичка група и политичка шпионажа. По истрагата за корупција во 2013 година насочена кон опкружувањето на Реџеп Таип Ердоган, турскиот претседател го обвинува својот поранешен сојузник за обид за преземање на власта преку паралелна структура – поддржувачи во судскиот систем, во полицијата, во медиумите и во државните институции. Ѓулен ги отфрла таквите обвинувања.

Судот издаде нови нареди за апсење на Ѓулен и неговиот помошник Синан Дурсун. Првите судски процеси закажани се во јануари идната година.

Ѓулен од 1999 година живее во САД.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски