Турскиот Парламент го усвои спорниот закон за разузнавањето

Од:

Турскиот Парламент го усвои законот, со кој се зголемуваат надлежностите и имунитетот на националното разузнавање.

Законот и дава на националната раузнавачка агенција на Турција можност да спроведува тајни операции и повеќе надлежности во следењето на граѓаните.

Законот предвидува и казни затвор за објавување доверливи документи.

Според Владата измените ќе ја зголемат ефикасноста на агенцијата и „ќе и помогнат да се справи со новите потреби во однос на безбедноста и надворешната политика“.

Опозициските партии нагласуваат дека законот и дава на агенцијата големи овластувања, кои ќе ја претворат Турција во полициска држава. Тие планираат да побараат од Врховниот суд да го поништи законот.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски