Турски владин службеник и ќерка му загинаа во експлозијата во Истанбул

Од:

Јусуф Мејдан, вработен во турското Министерство за семејство и социјална заштита, и неговата ќерка Екрин загинаа во експлозијата во Истанбул, изјави Дерја Јаник, министер за семејство и социјална заштита.

Бекир Боздаг, министерот за правда, изјави за провладината телевизија А Хабер дека жената која седела на клупа во близина на местото на експлозијата околу 40 минути е под истрага. Експлозијата се случила само неколку минути по нејзиното заминување. Тој рече дека нејзиниот идентитет се уште не е познат, ниту пак е јасно која група би можела да стои зад нападот, пишува АП.

Би можело да ве интересира

Убиен актер: Претепан до смрт во Истанбул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

ВИДЕО: Во Истанбул собир за поддршка на Хамас

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Истанбул: Пожар го зафати покривот на Капали чаршија

Во Истанбул пронајден таен подземен премин стар 1.500 години