Турски обвинители почнаа истрага против исламскиот проповедник Фетула Ѓулен

Од:

Турски јавни обвинители почнаа кривична истрага против исламискиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во прогонство во САД, врз основа на тврдења дека се обидел да ја урне Владата, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека ќе побара од САД да го екстрадираат неговиот поранешен сојузник Ѓулен, кого тој го обвинува за заговор за соборување на Владата и за дестаблизирање на Турција преку фабрикувани корупциски обвиненија и снимки на телефонски разговори.

Евентуалната екстрадиција на Ѓулен, за кого се смета дека има милиони поддржувачи, би била можна само ако Турција издаде налог за негово апсење и доколку достави докази за криминал, сметаат правни експерти.

Ердоган, чија владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) влече корени од политичкиот ислам, го обвинува Ѓулен за изградба на „паралелна држава“ од негови следбеници во институциите, пред се, полицијата и судскиот систем, преку кои се обидувал да ги преземе лостовите на државната власт.

Министерот за култура Oмер Челик за телевизијата Ен-Ти-Ви изјави дека има истрага против Ѓулен, што се темели на „сериозни обвинувања“, вклучувајќи и „шпионски активности“.

Ен-Ти-Ви, без да ги наведува изворите, исто така, информира дека истрагата преземена од државните обвинители од Анкара, се темелела на обвиненија против Ѓулен за „организирање и раководење со банда“.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он