Турски карикатурист може да биде осуден на 10 години затвор

Од:

Турскиот карикатурист Муса Карт може да биде осуден на приближно 10 години затвор поради карикатура на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Обвинителството побарало Карт да биде осуден на девет години и 10 месеци затвор за карикатура објавена во весникот „Џумхуриет“ на 1 февруари 2014 година.

Првично било отфрлено барањето за судски процес против Карт поради неоснованост, но по жалбата од адвокатот на тогашниот премиер, а актуелен претседател на Турција, карикатурата е оценета како навреда и клевета.

Судскиот процес против Карт почнува утре.

На кариукатурата се претсатвени двајца крадци како ограбуваат каса. Едниот вели: „Не брзај толку, не гледа холограм“, а во позадина како холограм е нацртан Ердоган. Карикатурата е алузија на холограмот на Ердоган кога се обрати на партиската седница кон крајот на јануари.

– Повторно стана јасно дека во Турција има карикатура на судството, а не вистинско судство, истакна Карт.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски