Турската Влада ќе користи услуги на приватна правна компанија за истрага против активности на Ѓулен

Од:

Турската Влада ќе користи услуги на меѓународна правна компанија која ќе разгледува активности на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Роберт Амстердам од базираната во Лондон фирма Амстердам енд партнерс ЛЛП, наведува во изјава дека неговата фирма била ангажирана од турската Влада за да открие наводни незаконски активности на мрежата на Ѓулен во светот.

– Ќе ги разгледаме неговите дејности во САД, Африка и други региони во кое мрежата е активна, изјави тој за западни медиуми.

Алп Асландоган, претседател на њујоршка финанска компанија поврзана со мрежата на Ѓулен ги оквалификува активностите на турската Влада како „последен чекор од кампањата за оцрнување“. Турската Влда смета дека Ѓулен има своја паралелна структура во државата со помош не негови приврзаници во судскиот систем, полицијата и други институции.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски