Турската Влада изрази подготвеност за директни преговори со военото раководство на ПКК

Од:

Турската Влада денеска изрази подготвеност за почннување директни разговори со воениот штаб на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), во обид да го заживее процесот за мирно надминување на курдскиот проблем, што беше почнат во 2012 година, а денеска е блокиран.

Во интервју за турскиот телевизиски канал НТВ, турскиот вицепремиер Бешир Аталај препорача преговорите, водени со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој издржува казна доживотен затвор, да бидат проширени и со вклучување на военото раководство на организацијата, што е стационирано во планината Кандил, во северен Ирак.

-Желба на нашата нова делегација е да можеме директно да се сретнеме со оние во Кандил, изјави Аталај.

Турските власти веќе неколку месеци се обидуваат да го обноват процесот за мирно надминување на курдскиот проблем.

Курдската работничка партија од мај 2013 година го почитува едностраното примирје, но привремено го прекина повлекувањето на своите борци од Турција, оценувајќи дека не се доволни чекорите на турските власти за правата на курдското малцинство во земјата, кое брои 15 милиони лица.

Владата усвои серија мерки во корист на малцинствата, вклучувајќи го и правото за користење на курдскиот јазик во приватните училишта и пред судовите.

Аталај истакна дека турската страна со многу широк опфат го исполнила својот дел од обврските.

Лидерот на ПКК Оџалан во саботата изјави дека 30-годишниот конфликт се ближи кон својот крај. Тој е главнот соговорник на Анкара во преговорите за мирно надминување на курдскиот проблем.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он