Турската полиција заплени 1.510 куршуми прошверцувани од Бугарија

Од:

Турската полиција на преминот „Капикуле“ на бугарско-турската граница во автомобил со бугарски регистарски таблички заплени 1.510 куршуми со различен кјалибар, при обид за нивно прошверцување од Бугарија во Турција.

Како што јави БТА, полицијата во возилото открила 1.260 куршуми за автомати од типот „Калашников“, 250 куршуми за пушки и 150 куршуми за пиштоли.

Според турската полиција, вредноста на запленетите куршуми е проценета на околу 18.000 турски лири (6.400 евра).

Возачот на автомобилот е приведен и против него е поведена истрага со цел да се утврди дали е поврзан со некоја терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени