Турската полиција повторно го затвори паркот Гези поради најавените протести

Од:

Турската полицијата попладнево повторно го затвори истанбулскиот парк Гези поради најавеното одржување на нови антивладини протести за вечерва.

Без да даде објаснување зошто го затвора Гези само неколку часа откако беше повторно отворен од страна на градоначалникот на Истанбул Хусеин Авни на официјална церемонија, полицијата го расчисти паркот од посетителите и не дозволува никој да влезе во него.

Паркот Гези беше затворен по бруталната полициска интервенција врз демонстрантите на 15 јуни, кога тие беа насилно принудени да го напуштат поставениот шаторски камп, каде престојуваа околу две недели.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски