Турската опозиција од Уставниот суд побара укинување за Законот за интернет

Од:

Турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) од Уставниот суд на Турција побара укинување на спорниот Закон за интернет, бидејќи, според неа, тој „ги прекршува уставните принципи за слобода на изразување и правото на комуникација“, јави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

– Додека од една страна Турција се обидува да преговара со ЕУ за полноправно членство, од друга страна се става меѓу земјите од третиот свет со прифаќање на закон за ограничување на слободата на изразување на интернет, изјави Акиф Хамзачеби, заменик претседател на парламентарната група на ЦХП, која е најголема труска опозициска партија.

– Имаме Влада која стравува од интернетот, од социјалните мрежи, од медиумите и слободата на изразување, додаде Хамзачеби.

Турскиот Парламент во февруари го донесе спорниот закон со кој се засилува контролата врз интернетот. Законот беше критикуван од турската опозиција и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски