Турската крајбрежна стража открила 336 илегални имигранти во Егејско Море

Од:

Вкупно 336 илегални имигранти се спасени во последните четири дена во Егејско Море од турската крајбрежна стража.

На 17 април во близина на летувалиштето Датча биле спасени 49 илегални имигранти, на 18 април во близина на Бодрум биле спасени 52 имигранти, а во реонот на градот Ајдан биле спасени 42 илегални имигранти.

Имигрантите се обидувале од Турција да стигнат до грчките острови.

Турската крајбрежна стража вчера открила 72 илегални имигранти во близина на Дидим и 35 во близина на Чанаккале. Во реонот на Дидим денескас е спасени уште 36 имигранти, а во близина на Измир – 50.

Имигрантите се државјани на Сирија, на Авганистан, на Еритреја, на Мјанмар, на Камерун, на конго, на Мали, на Иран и на Пакистан.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски