Турска опозиција: Останувањето на Ердоган на премиерската функција е неуставно

Од:

Двете најголеми опозициски партии во Турција сметаат дека останувањето на новоизбраниот шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган на премиерската функција е неуставно.

Ердоган е избран за претседател на Турција на 10 август, но ќе остане на премиерското место до 28 август, кога ќе положи заклетва како шеф на државата.

– Откако тој стана 12-тиот претседател на Турција, неговиот пратенички мандат автоматски се прекинува согласно Уставот, изјави вчера лидерот на Партијата за националистичко дејствување, Девлет Бахчели.

Според него, Ердогантребал да поднесе оставка како премиер уште на 15 август, кога Изборната комисија ги соопшти официјалните резултати од претседателските избори.

Портпаролот на Народнорепубликанската партија, Халук Коч, исто така, вчера нагласи дека остануваето на Ердоган на премиерската функција го прекршува Уставот.

Ердоган победи на претседателските избори во Турција, освојувајќи 51,79 проценти од гласовите.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски