Турист дивеел на автопат во Хрватска возејќи со 245 километри на час

Од:

Унгарски државјанин, кој на автопатот Сплит – Загреб возел со брзина од 245 километри на час, казнет е со едногодишна забрана за возење во Хрватска и со парична казна од 7.000 куни (936 евра).

Полицијата го сопрела Унгарецот вчера во дел од автопатот каде брзината е ограничена на 130 километри на час.

Возачот на „мерцедесот“ е казнет со парична казна и изречена му е заштитна мерка забрана за користење на странска возачка дозвола на подрачјето на Хрватска во траење од 12 месеци.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари