Турција влегува во коалиција против Сирија и без одлука на СБ на ОН

Од:

Турција ќе и се придружи на која било меѓународна коалиција против Сирија, дири и ако не биде постигнат широк консензус во Советот за безбедност на ОН, најави денеска шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу.

– Наш приоритет е да се дејствува заедно со меѓународната заедница, во рамки на одлуката на ОН. Ако Советот за безбедност не постигне таква одлука, тогаш на дневен ред ќе дојдат други алтернативи. Моментално 36-37 држави разговараат за овие алтернативи. Доколку се формира сојуз против Сирија во овој процес, Турција ќе го заземе своето место во таа коалиција, истакна Давутоглу.

Турција е една од најголемите противници на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и ги критикуваше светски сили поради непреземањето итни мерки против Дамаск по извештајот за наводна употреба на хемиско оружје во нападот на сириските воени сили.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски