Турција сака два милиони бегалци да ги врати во северна Сирија

Од:

Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје, за да може Анкара да врати околу два милиони бегалци.

Калин додаде дека Ердоган за тоа ќе разговара во вторник со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.

Сириските сили навлегоа во одредени делови во близина со границата со Турција, во согласност со курдските сили, врз кои Анкара покрена офанзива. Тоа ги наруши плановите на Турција за создавање на „безбедна зона“ јужно од својата граница со Сирија, каде би можела да ги испрати сириските бегалци кои сега живеат во Турција. Таа територија претходно ја напуштија американските војници.

Калин посочи дека бегалците не сакаат да се вратат во делови на Сирија, што се „под контрола на режимот“.

– Ова е една од темите за кои ќе дискутираме со Русите, бидејќи ние нема да ги присилуваме бегалците да одат таму каде не сакаат. Сакаме да им создадеме поволни услови за враќање, услови во кои ќе се чувствуваат безбедно, истакна Калин.

Би можело да ве интересира

САД бара Турција да се ослободи од С-400

Во Сирија од 2011 година се убиени над 29. 000 деца

Ана Ололовска

Русија ги обвинува „Белите шлемови“ за тргување со човечки органи во Сирија

Ана Ололовска

Турција уапсила адвокат на германската Амбасада во Анкара

Ана Ололовска

Над 120 новинари се наоѓаат во турските затвори

Хадид: Анкара спроведува „турцификација“ на Сирија