Турција поднесе барање за арбитража против Газпром, оспорувајќи ја цената на рускиот гас

Од:

Турција поднесе барање за арбитража против Газпром, оспорувајќи ја цената на турскиот гас. Тоа го соопшти денеска шефот на прес-службата на турското Министерство за енергетика и природни ресурси Угур Алаџи, јави ТАСС.

– Вчера е предадено барање пред меѓународниот арбитражен суд за купувањето природен гас од Русија во периодот по 29 декември 2014 година, рече Алаџи

На 31 јули годинава рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека Газпром и турската Боташ договориле отстапка од 10,25 проценти во цената на рускиот гас. Новак додаде дека засега нема потпишани документи за отстапката.

Отстапката во цената на гасот е компромис меѓу Русија и Турција во преговорите за меѓувладин договор за изградба на првата линија на гасоводот „Турски поток“, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски