Турција осуди уште 121 лице на доживотен затвор за обидот за воен удар во 2016 година

Од:

Суд во Анкара денеска осуди 121 лице на доживотен затвор за вмешаност во обидот за воен преврат во 2016 година, јави државната агенција Анадолу.

Судот осуди на „строг доживотен затвор“ 86 лица поради „обид за кршење на Уставот“ и уште 35 луѓе на „доживотен затвор“.

Строг доживотен затвор предвидува потешки услови во затворот.

Турција го обвинува опозицискиот политичар Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во Соединетите Американски Држави, за обидот за воен удар на 15 јули 2016 година и досега затвори илјадници луѓе за наводни врски со него. Од декември минатата година досега, 1.934 лица се осудени на доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски