Турција осудена од Европскиот суд за човекови права поради затворање на двајца новинари

Од:

Турција е осудена од Европскиот суд за човекови права поради држење во затвор на двајца познати новинари без доволно причини, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Новинарите Недим Сенер и Ахмет Сик се угледни турски новинари, кои беа уапсени во 2011 година со обвинување дека и помагале на една органзиација за која постојат сомневања дека сакала да ја урне турската влада. По повеќе барања, двајцата новинари поддржани од бранителите на слободата на печатотот, беа ослободени во март 2012 година, една година откако беа уапсени, но тие ризикуваат 15 години затворска казна.

Двата новинари беа обвинети дека и помагале на мрежата наречена „Ергенекон“ за која се сомнева дека се обидела да создаде поволен терен за воен државен удар во Турција.

Според судиите од Европскиот суд за човекови права, образложенијата на турските власти не биле „ниту убедливи, ниту доволни“ за да се оправда траењето на превентивната мерка затвор на двајцата новинари. И ниту тие, ниту нивните адвокати немале можност да ја оспорат на задоволувачки начин оваа одлука на судот.

Турција ќе треба да му плати на Сенер 20000 евра, а на Сик 10000 евра како морална оштета, според пресудата на Судот од Стразбур.

Оваа одлука се уште не е конечна, бидејќи двете страни имаат можност да поднесат жалба и да побараат предметот да биде разгледан од Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски