Турција очекува зголемување на бројот на претставници во ПССЕ од 12 на 18 лица

Од:

Бројот на турски претставници во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се очекува да биде зголемен во следните месеци од 12 на 18 лица, откако турскиот јазик ќе стане еден од работните јазици на ПССЕ, пишува весникот „Радикал“.

Нацрт резолуцијата за зголемување на бројот на турски претставници во ПССЕ од 12 на 18 лица се очекува да биде гласана за време на седницата на Постојаниот комитет на ПССЕ на 21 и 22 мај во Сараево. Се очекува резолуцијата да биде усвоена.

По гласањето на резолуцијата Турција, исто како и останатите големи држави, ќе биде претставена во ПССЕ со 18 делегати, а турскиот јазик ќе се употребува како работен јазик на организацијата.

Официјални јазици во ПССЕ се англиски и француски, а во моментот како работни јазици се користат и италијански, руски и германски. Најважен критреирум за зголемување на бројот на турски претставници во ПССЕ е процентниот дел на населението и донациите в буџетот на ПССЕ.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски