Турција очекува утре да пристигнат 400 бегалци, согласно спогодбата со ЕУ

Од:

 Турската Влада очекува околу 400 бегалци и мигранти утре да пристигнат од Грција, во рамки на спогодбата меѓу ЕУ и Турција за мигрантите, што беше договорена минатиот месец, изјави турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала, цитиран од ДПА.

-Бројот на мигранти може да нарасне, додаде Ала пред новинарите во градот Бодрум.

Новопристигнатите ќе бидат сместени во прифатни центри во различни градови, а Сиријците на крајот ќе бидат разместени низ целата земја, посочи тој.

-Мигрантите од други националности ќе бидат депортирани во земјите од кои дошле, рече Ала.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски