Турција ќе го тужи Шарли Ебдо

Од:

Турција ќе подигне тужба и ќе преземе одредени дипломатски чекори откако францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо на насловната страница објави карикатура со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, најави денеска турскиот Директорат за комуникации.

Туските државни медиуми објавија дека Обвинителството на Турција поренало истрага против уредниците на Шарли Ебдо.

– Нашите луѓе не треба да се сомневаат дека ќе ги преземеме сите легални и дипломатски чекори против спорната карикатура. Нашата борба против овие некултурни, злонамерни и навредливи работи ќе оди до крај, многу сме одлучни во тоа, се наведува во соопштението на Директоратот.

Претходно, високи турски владини претставници ја осудија карикатурата на Ердоган, истакнувајќи оти е „одвратен обид за ширење на културен расизам и омраза“.

На насловната страница на Шарли Ебдо, Ердоган седи во бела кошула и долна облека, држи пијалак и го подигнува здолништето на жена во хиџаб, на која и се гледа задникот.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски