Турција ја осуди одлуката на ПССЕ за обновување на мониторинг на земјата

Од:

Турското Министерство за надворешни работи денеска остро ја осуди „неправедната одлука“ на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кое гласаше за обновување на процесот на мониторинг кон Турција.

Во соопштението на Министерството се наведува, исто така, дека на Анкара не и останува друг избор освен да ги преразгледа односите со ПССЕ.

– Одлуката повторно да се обнови набљудувачката процедура во Турција, под раководство на злонамерните кругови во ПССЕ, претставува срам за тој орган, кој тврди дека е колевка на демократијата, се вели во соопштението на турското МНР, додавајќи дека „ксенофобијата и исламофобијата многу брзо се шират во Европа“.

Пратениците од ПССЕ гласаа денеска за ставање на Турција во списокот на земји под мониторинг.

– ПССЕ штотуку гласаше за обновување на процедурата за мониторинг на ситуацијата во Турција, која беше прекината во 2014 година, при што 113 пратеници гласаа „за“, а 45 „против“, додека 12 беа воздржани, се додава во соопштението на тоа тело.

Известувачот на ПССЕ за Турција, Мариане Мико изјави дека изгласаните уставни промени на референдумот на 16 април, со кои се прошируваат овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, „не се соодветни на нашето фундаментално и сеопфатно разбирање за демократија“. Таа нагласи дека процесот на мониторинг не претставува „казна“, туку обид да се зајакне дијалогот со Турција.

Би можело да ве интересира

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски