Турција и ЕУ се блиску до потпишување договор за реадмисија и почеток на дијалог за визна либерализација

Од:

Турција и ЕУ се веројатно на прагот на решавање на прашањето за визите, што може да им овозможи на турските граѓани слободно патување во земјите од Унијата во замена за реадмисија на имигрантите, пишува денеска весникот „Хуриет дејли њуз“.

Весникот наведува дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера на својата страница на „Твитер“ објавил дека „се надева наскоро да допатува во Турција и да започне дијалог по прашањето за визите и за потпишување договор за реадмисија“.

Пред неколку дена турскиот министер за евроинтеграции Егемен Багеш истакна дека се очекува еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром многу брзо да ја посети Турција, со цел да ги заврши неколкугодишните преговри и да започне процес за визна либерализација“.

Европски дипломати за весникот изјавиле дека Малмстром ќе ја посети Турција, само доколкусе потпише договорот за реадмисија. Тие оцениле дека ЕУ и Турција се длиску до финализирање на преговорите по ова прашање.

Брисел и Анкара водат преговори околу договорот за реадмисија повеќе од две години. ЕУ е всушност подготвена со условите за договорот од почетокот на 2011 година, но Турција се воздржува од негово потпишување, бидејќи тоа ќе создаде дополнителен товар за неа поради прифаќањето на илјадниците нелегални имигранти, кои веќе заминале низ Европа влегувајќи од турска територија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски