Турција го повика на консултации својот амбасадор во Ватикан по изјавата на папата

Од:

Турција го повика на консултации својот амбасадор во Ватикан, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Ваква одлука е донесена откако претходно денеска папата Франциско јавно го нарече масовното убивање на Ерменците во Османлиската империја пред 100 години „прв геноцид на 20. век“.

– Нашиот амбасадор во Ватикан, Мехмет Пачаџа е повикан во турција на консултации, соопшти турското МНР.

Во изјавата на Министерството се наведува дека турскиот народ не ги прифаќа зборовите на папата, кои се полемични во секој аспект, се засноваат на предрасуди и ја искривуваат историјата.

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска, по повод одбележувањето на 100-годишнината од ерменскиот масакр во Османлиската империја, во својот говор го употреби зборот „геноцид“, што според медиумите може сериозно да ги наруши дипломатските односи меѓу Ватикан и Турција.

– Во текот на минатиот век, човечкиот род доживеа три огромни трагедии без преседан. Првата, која повеќето ја сметаат за „прв геноцид на 20. век“, го погоди ерменскиот народ, истакна папата за време на мисата во катедралата „Свети Петар“, цитирајќи го соопштението од 2000 година, потпишано од папата Јован Павле Втори и ерменскиот патријарх.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски