Турција го оспорува статусот на над 150 острови во Егејското Море

Од:

Тајна листа на турското Министерство за надворешни работи го оспорува статусот на 25 острови и 127 помали или карпести острови во Егејското Море, пишува грчкиот весник „Прото тема“.

– Не е случајно што се уште станува збор за тајна листа, позната под кратекната EGAYDAAK од турски јазик. Со таа кратенка Анкара ги маркира островите, островчињата и карпестите острови, врз кои според неа согласно меѓународните договори и спогодби сувренитетот не и е доделен на Грција, нагласува весникот.

Станува збор за мали островски групи во централниот и јужниот дел на Егејското Море во регионот на островот Крит.

Според „Прото тема“ лисата е одраз на турските амбиции за создавање на „сиви зони“ во регионот.

Листата  EGAYDAAK е составена во 1996 година, кога Турција официјално го поставува прашањето за „сивите зони, предизвикувајќи тензии во регионот на островот Имија, додава весникот.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он