Турција го одбележува Празникот на победата

Од:

Во Турција денеска се одбележува националниот Празник на победата, со кој се прославува победата на турската армија на Мустафа Кемал Ататурк во турско-грчката војна (1919-1922).

Оваа година се одбележуваат 91 година од победата на турската армија, која под водство на Ататурк ја совлада грчката војска кај Думлупинар и ја извојува најголемата победа во борбата за независност на земјата. Истовремено, овој ден се одбележува и како професионален празник на армијата.

По тој повод во Истанбул ќе се одржи воена парада. Безбедносните мерки се зајакнати, а голем број булевари се затворени за сообраќај.

Во Анкара ќе се одржи традиционална церемонија со положување на венци и оддавање почит на гробот на Ататурк, на која ќе присуствуваат лидерите на сите политички партии.

Турскиот претседател Абдула Ѓул првпат оваа година ќе биде домаќин на прием во резиденцијата Чанкаја по повод празникот на армијата. Меѓу присутните првпат ќе има и жени покриени со шамии, што претставува преседан за воените приеми, на кои претходно тоа не се случувало.

Лидерот на главната опозициска партија Народнорепубликанската партија Кемал Келечдароглу нема да присуствува на приемот, поради несогласување со коннзервативните исламистички кругови.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски