Турција ги проширува операциите против курдските бунтовници

Од:

Турските сили за безбедност се очекува да ги прошират тековните операции против курдските бунтовници во југоисточниот дел на земјата, кои ќе ги опфатат и градот Идил во округот Шарнак, градот Нусајбин во округот Мардин и градот Јоксекова во округот Хакари, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Операциите, кои ги спроведуваат заедно армијата и полицијата, првично почнаа во градот Сур, во округот Дијарбекир и во градовите Џизре и Силопои во округот Шарнак кон средината на декември, кога борбата против забранетата Курдска работничка партија се пренесе во градовите.

Претставниците на силите за безбедност и членови на Владата изјавија дека операциите во Силопи и Сур наскоро ќе завршат, а напорите за „прочиствување на Џизре од терористи“ продолжуваат.

Според извори на весникот градот Идил ќе биде првото ново место, кое ќе биде вклучено во операциите, а потоа следуваат Нусајбин и Јоксекова.  Доколку е неопходно во зоната на операциите може да биде вклучен и градот Шарнак, додадоа изворите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски